X
 03.02.2018 Наука

Астрофизичарите ја создале најдеталната симулација на универзумот

ilustris
Фото: Youtube

Констатацијата дека нашиот универзум е големо место е потценувачка. Особено со неодамнешните напредоци во нашето познавање за ефектите на темната материја и црните дупки врз формирањето на галаксиите.

Следењето на целиот материјал бара импресивно компјутерско и паметно кодирање - а токму тоа астрофизичарите го направија благодарение на најновиот модел на симулација.

Наречен „Илустрис: Следната генерација“, јасно е дека од симулацијата се очекува да ги прошири границите на откривањето на вселената.

„Кога ги гледаме галаксиите со користење на телескоп, можеме да измериме само одредени колични“, вели астрофизичарот Ши Женвел од Центарот за компјутерска астрофизика на Институтот Фатрирон.

„Со симулацијата, можеме да ги следиме сите својства за сите овие галаксии. И не само како изгледа галаксијата, туку целата нејзина историја на формирање“.

„ИлустрисТНГ“ е наследник на „Илустрис“. Тој се состои од 18 симулации што опфаќаат различни размери - секој ја следи еволуцијата на универзумот после Биг Бенг.

Со поголема резолуција и нова физика, подобрените симулации не само што даваат повеќе информации, туку и точно ги моделираат моделите на кластеринг галаксиите.

Следењето на милијарда квадратни светлосни години од галактичкиот материјал, магнетните полиња и темната материја бара импресивен хардвер. Затоа, проектот го користи најбрзиот суперкомпјутер, „Хазел Хен“ за да работи со броевите.

„Анализата на оваа огромна планина со информации ќе нè држи зафатени во годините што доаѓаат, а ветува и многу возбудувања во различни астрофизички процеси“, вели Вокер Спрингел од Хајделберг Институтот за теориски студии.

Досегашното ниво на точност е возбудливо. Веќе се објавени три научни трудови во кои се опишува обемната кластеризација на материјата, помагајќи ни да разбереме како се формираат галаксиите. Секако, сето она што се наоѓа во симулациите е само знак дека е потребна поблиска проверка од страна на астрономите.

„Особено е фацинантно што точно можеме да го предвидиме влијанието на супермасивните црни дупки врз дистрибуцијата на материјата во големи размери“, вели Спрингел.

Возбудливо е да се замисли кои тајни еден ден може да ги открие третата генерација на „Илустрис“.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука