X
 03.02.2018 Живот

Животот во СССР: Петте тешко остварливи желби

Празни полици, инфлација, возење автомобили со парни и непарни броеви на регистрацијата. Сето тоа им е познато на луѓето што живееле во Југославија. Но, не било многу различно и во СССР.


1. Стан

Уште од 20-тите години на 20 век многу Руси живееле во заеднички станови, во куќи на село, па дури и во бараки. Масовната изградба на станбени згради во Москва почнала во 40-тите години, а 20 години подоцна Никита Хрушчов ја покренал изградбата на евтините станбени згради во целата земја. Повеќето луѓе добиле стан, во рамките на масовното преселување од руралните средини во градовите. Повеќето, се разбира, биле среќни со каков било стан. Но, оние што сакале нешто подобро, а имале повеќе пари, наишле на многубројни проблеми. Ако немале приватни врски, за свој стан чекале дури и по неколку години.

2. Автомобил

Автомобилот во СССР претставувал лична слобода и слобода на движење. Во текот на 70-тите години просечниот автомобил чинел околу 5 илјади рубљи, а просечната плата била помеѓу 100 и 150 рубљи. На семејствата со двајца вработени им биле потребни помеѓу 4 и 6 години за да заштедат за автомобил. Но, некогаш за купување на автомобилот постоеле и листи, па за возилото се чекало неколку години.

3. Летување

Имало листи за чекање и за одење на годишен одмор. Имено, летувалиштата во Русија имале капацитет за околу 850 илјади луѓе, а имало 120 милиони Руси. Поради тоа, на ред за море понекогаш се чекало со години, а летувањето чинело колку 2-3 просечни плати.

4. Пат во странство

Додека повеќето Руси сакале да го видат светот, освен што не можеле поради ниските плати, тоа не им го дозволувала ни државата. Повеќето молби биле одбиени без образложение.

5. Ретки производи

Доколку сакале да купат телевизор, правосмукалка или парче мебел, за сè имало листи на чекање. Продажбата и купувањето преку огласи биле забранети. Луѓето со денови и ноќи стоеле во редови за да купат чизми и палто, на пример.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот