X
 21.04.2015 Технологија

Одлични апликации за iPhone кои се бесплатни само сега

Неколку програмери ги направија своите апликации за ајфон и ајпед бесплатни на ограничено време. Не се знае колку ќе трае акцијата, па побрзајте. Одлични се и не треба да се пропуштат!


„Orby Widgets“

Може да знаете сè за вашиот уред со оваа апликација. Користете ги додатоците за да го подесите уредот по ваш вкус.

„Ninja Cam 360“

Апликацијата нуди ефекти кои се обожавани од страна на професионалните фотографи.

„Build-a-lot 4: Power Source“

Победник на сребрената награда од „Pocketgamer“ не треба да се пропушти. Нека вашите градови растат и сјаат.

„MultiCam“

Обично, пред да ја направите фотографијата треба да фокусирате, но со оваа апликација тоа го правите по фотографирањето за да не се пропушти ниту еден драгоцен момент.

„Cut Me Out Pro“

Сакате да исечете некој од вашата фотографија? Оваа апликација ќе ви помогне да го сторите тоа незабележливо и лесно.

„Video Filters“

Секој може да прави видео и фотографија како професионалец со оваа апликација. Барем така тврдат програмерите кои стојат зад неа.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија