X
 18.02.2021 Технологија

Неодолива A1-понуда за припејд-сегментот во мобилната телефонија: 10 GB за 299 денари сурфање цел месец

А1 Македонија го збогатува своето припејд-портфолио во мобилната телефонија и ја објавува најновата исклучително поволна промотивна понуда за сите припејд-корисници на мобилната телефонија со која добиваат 10 GB интернет за опуштено сурфање цел месец, за само 299 ден.

Постојните А1 припејд-корисници месечниот пакет со 10 GB интернет можат да го активираат преку апликацијата Мојот А1 или со испраќање SMS-порака на бројот 1410 со текст 10 GB, а пакетот е достапен за користење откако корисникот ќе добие потврда преку SMS-порака.

Исто така, во рамките на останатите месечни интернет-пакети промотивно се зголемува вклучениот интернет за истиот износ на месечна претплата. Со месечниот пакет од 500 МB за 99 денари се добива промотивно 1 GB, со месечниот пакет од 6 GB за 399 денари се добива 15 GB, а со месечниот пакет од 15 GB за 999 денари промотивно се добива дури 50 GB.



Новите припејд-корисници треба да изберат А1 Припејд SIM-картичка за 299 денари при што добиваат една SIM-картичка со вклучени 10 GB интернет, или А1 Duo за 399 денари со две SIM-картички, секоја со вклучени 10 GB интернет кои можат да се користат во првите 2 недели од активирањето на SIM-картичките.

Новите припејд-корисници добиваат и неограничени разговори во мрежата на А1 во првата недела од активацијата и 50 денари кредит што можат да го искористат за која било услуга.

Со оваа најнова промоција, А1 Македонија уште еднаш ја потврдува својата заложба за креирање услуги кои овозможуваат неограничена комуникација и врвно корисничко искуство за сите свои корисници во припејд-мобилната телефонија.

Дополнителни информации за најновата припејд-понуда можете да добиете на www.A1.mk, во продажните центри на А1 Македонија низ целата земја како и во Контакт-центарот со повик на 1234.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија