Градови во Германија почнале да ги претвораат улиците во велосипедски патеки за да им помогнат на луѓето да ја задржат дистанцата во текот на возењето.
Во петокот една населба во Берлин одобрила план со кој привремено се прошируваат две велосипедски патеки со цел да се зголеми безбедноста на велосипедистите за време на пандемијата. Повеќе населби планираат да го направат истото.

Фото: Pixabay
За пренамената на улиците се користат знаци и ленти кои ги означуваат проширените велосипедски патеки. Според „Гардијан“, жители во 133 други германски градови побарале слична пренамена на улиците.
И покрај забраните за непотребно движење и патување, Германија ги советува жителите да користат велосипеди бидејќи ова превозно средство им помага на луѓето да патуваат, притоа одржувајќи го контактот со другите на минимум.

Фото: Pixabay
Иницијативите на германските градови доаѓаат откако Богота, Колумбија, пренамени улици во привремени велосипедски патеки минатиот месец за да го намали преголемото користење на јавен превоз, а со тоа и ширењето на коронавирусот. Слични иницијативи има и во САД и во Канада.
Извор:
independent.co.uk