X
 18.07.2022 Живот

Најголемата група ЕДУИНО-амбасадори досега – признание за придонесот на 75 најпосветени наставници од целата држава

Концептот ЕДУИНО-амбасадори подразбира креирање група од најпосветени наставници кои се препознаени на национално ниво, како пример за наставник кој придонесува во развој и кокреирање дигитални образовни ресурси. ЕДУИНО-платформата цели кон подобрување на образованието преку поттикнување на иновативноста и кокреирањето, како и создавање на ЕДУИНО-заедница која ќе придонесе кон колаборативно креирање образовни ресурси и засилување на вештините кај наставниот кадар.

Проектот ЕДУИНО е предводен и е во сопственост на Бирото за развој на образованието (БРО), а како партнери во проектот се Министерството за образование и наука (МОН), Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и УНИЦЕФ.

- Преку повикот за поднесување едукативни игровни активности, со повеќе од 900 поднесени материјали, се издвоија новите 42 члена по исполнување на сите критериуми при процесот на селекција. Се гордееме што оваа заедница на вредни и истакнати едукатори континуирано се зголемува. Тоа ни укажува дека секој едукатор, наставник, воспитувач секојдневно придонесува кон подобро образование на сегашните и идните генерации, а тоа е од непроценлива вредност за сите активни учесници во градењето на едно модерно општество - изјави Милена Игњатова, проектен менаџер на ЕДУИНО.



Оваа иницијатива е поздравена од страна на директорот на Бирото за развој на образованието (БРО), Зеќирија Хасипи, и секако од страна на УНИЦЕФ. Искажувањето на оваа јавна афирмација кон трудот на ЕДУИНО-амбасадорите е од огромна важност затоа што тие работат врз база на волонтерски придонес кој безрезервно треба да се признае како пример за вистинската улога на наставникот.

- Со голема радост на 15 јуни ги прогласивме новите 42 ЕДУИНО-амбасадори, со што ја зголемивме професионалната заедница на едукатори и предавачи во ЕДУИНО и таа денес брои 75 члена. Иницијативата ЕДУИНО-амбасадори започна по само една година од постоење на ЕДУИНО, поточно во март 2021 кога првпат им оддадовме јавно признание на најпосветените наставници, првите 23 ЕДУИНО-амбасадори. Нивната радост ни даде уште поголем поттик да продолжиме во нашата мисија. Потоа, на 5 октомври, Интернационалниот ден на наставникот, искажавме неизмерна благодарност на уште една група од 10 ЕДУИНО-амбасадори кои навистина придонесоа кон збогатување на ризницата со образовни ресурси при отворениот повик минатото лето - изјави директорот на БРО, Зекирја Хасипи.



ЕДУИНО-амбасадорите можете да ги запознаете преку нивните интервјуа на следниот линк.

- Денес ЕДУИНО-заедницата брои повеќе од 25.000 едукатори и 75 ЕДУИНО-амбасадори, кои придонеле во креирање повеќе од 500 едукативни игровни активности и 4.800 видеолекции, за предучилишно, основно и средно образование кои се прегледани повеќе од 4,5 милиони пати. Со тоа, оваа заедница придонесува да се создаде национална дигитална библиотека со непроценлива вредност за учениците и за идните генерации. Таа постојано се надградува преку различни обуки, конференции, а се радуваме што ЕДУИНО-амбасадорите развиваат меѓусебна соработка и дружба - изјави Ангела Зафировска, менаџер на ЕДУИНО-заедниците.



Проектот ЕДУИНО и иницијативата ЕДУИНО-амбасадори од своите почетоци се поддржани од страна на УНИЦЕФ, а се поддржани и од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје. Проектот го спроведува невладината организација СмартАп, а техничката подготовка и оддржување на колективниот портал ја спроведуваат SyNRG Software & IT Solutions.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот