X
 18.09.2018 Култура

„ПМГ Рекордингс“ одбележува 20 години постоење со целовечерен музички фестивал во МКЦ

Осмото издание на Целовечерниот музички фестивал „Сонична младост“ ќе се одржи на 6 октомври, со почеток во 20 ч, во Младинскиот културен центар во Скопје.

Фестивалот претставува продолжение на досегашните седум изданија организирани од страна на дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“, која одбележува 20 години постоење. „ПМГ Рекордингс“ е независна дискографска куќа која во изминативе години е значаен фактор во домашните музички превирања, голем поддржувач на новата алтернативна музичка сцена и на бендовите од новата генерација. Свои перформанси во живо ќе имаат 15 домашни и странски бендови и диџеи. Инспирирани од потребата за културно обединување и широка афирмација на македонската современа музика, на три подиуми бесплатно се очекува да се забавуваат над 3.000 посетители.

Фестивалот оваа година е поддржан од „Златен даб“, бренд кој постојано ја поддржува урбаната култура и ја промовира македонската музичка сцена.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура