X
 19.06.2020 Живот

Необично пријателство помеѓу коала и вомбат

Карантинот раздели многу пријатели и членови на семејствата. Но, во тешките времиња може да се создадат необични пријателства.

Ова особено важи за коалата Елса и вомбатот Хоуп, кои станаа најдобри пријатели откако го поминуваа времето заедно во австралискиот „Рептајл парк“ за време на карантинот.

1

Паркот се наоѓа во Сомерсби, Нов Јужен Велс, и е една од најпопуларните атракции во оваа област. За жал, поради пандемијата, и паркот морал да ги затвори вратите за посетителите.

Во овој период животните поминуваа време само со вработените во паркот. Токму на овој начин Елса и Хоуп станале пријатели. Вомбатот повремено бил ставан во кафезот на коалата додека вработените го чистеле неговиот кафез.

2

- За брзо време тие станаа неразделни пријатели. Бевме прилично изненадени од ова пријателство. Иако како вид овие две животни се поврзани, необично е да се види дека имаат ваква интеракција - вели Ден Румси, кој работи во паркот.

Извор: Bored Panda
Фотографии: Australian Reptile Park
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот