X
 19.06.2023 Образование

Студентски проект од ФИНКИ: Влијанието на кликбејт врз тинејџерите

Факултети.мк ги поддржува студентите и секогаш одвојува простор за нивните приказни, потреби и успеси во земјава и во странство. Во таа насока ја започнуваме и новата рубрика Студентски проекти, во која ќе ги објавуваме трудовите на студентите кои сакаат нивното дело да допре до пошироката јавност. Ги покануваме сите заинтересирани студенти да нѐ контактираат на redakcija@fakulteti.mk.

Студентите Филип Срезоски, Христијан Петрески, Петар Чакарески и Марко Коскоски, кои студираат на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство изработија проект на тема „Влијанието на кликбејт врз тинејџерите“.

„Влијанието на кликбејт видеа врз тинејџерите" ја истражува врската помеѓу кликбејт наслови и содржини и нивното влијание врз тинејџерската популација. Кликбејт претставува техника која се користи во медиумите за да привлече внимание и кликови од читателите, но често може да биде сензационалистичка или манипулативна. Ова истражување ќе се обиде да ги идентификува можните негативни последици на изложеноста на тинејџерите на кликбејт наслови и содржини.

Проектот можете да го видите во продолжение.

Влијанието на кликбејт врз тинејџерите

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование