X
 19.10.2023 Живот

Има 3,5 години и неодамна почна да си го пипка половиот орган, дури реагираа и воспитувачките од градинка, а тој нема чувство на срам

Се работи за 3,5-годишно момче кое пред извесно време почна да си го пипка половиот орган преку алишта и ние, како родители кои се соочуваат со нешто ново, а воедно и плашејќи се да не го збуниме и да не му создадеме некакви фрустрации, се обидовме да не му влијаеме на ниту еден начин, туку да го оставиме со надеж дека тоа е нормален дел и дека од љубопитство си го истражува своето тело. Но како што минува времето, тој и понатаму продолжува, веќе со поголем интензитет и на моменти изгледа како да се самозадоволува. Дури и добивме реакција од учителките во градинка дека им е непријатно со оглед на тоа што го гледаат и другите дечиња не знаејќи што прави. Пробавме да разговараме со него, но иако знае во моментот да престане, потоа повторно продолжува, од што забележуваме дека нема чувство за срам дека прави нешто што не треба. Ве молам за совет како да постапиме.

Одговорот од психологот можете да го прочитате на Деца.мк



Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот