X
 19.11.2020 Образование

3DHub - влезете во светот на 3D печатењето

Кон крајот на месец јули годинава, започна со работа првиот 3DHub во нашата земја кој нуди обуки за 3D моделирање и 3D печатење. Промотивно овие обуки се бесплатни за сите студенти кои ќе изразат интерес да ги посетуваат.
Уписите за нив и формирањето на групи е во тек.

Кoја е идејата, што претставува 3DHub.mk ?

Нашиот 3DHub.mk е отворен за секој поединец кој е заинтересиран да ги научи процесите на 3D моделирањето, производството, а понатака и продажбата на отпечатени 3D уникатни производи или нивни модели.

Опремени сме со неколку модели и големини на професионални 3D печатари кои користат различна технологија и имаат различни технички карактеристики. Имаме соодветни компјутери со најсовремен софтвер за моделирање, подготовка и адаптација на моделите, но и CNC машини за комплетно финализирање на производите. Oна што можеби не одделува од толпата слични бизниси, се специфичните машини за производство на филамент со кои располагаме, филамент е всушност основниот материјал кој е потребен за изработка на било каков 3D отпечатен производ. Нашата високософистицирана опрема е достапна за користење за секој поединец, кој е заинтересиран да навлезе во оваа технологија, без која речиси и да не може да се замисли иднината. Веруваме дека оваа технологија лесно и едноставно може да го направи секојдневието многу повесело, но и полесно.

Дали на кандидатот кој сака да ја изучува оваа технологија му е потребно претходно предзнаење или искуство?

За овие обуки не е потребно предзнаење на кандидатот. Секој заинтересиран потенцијален учесник на овие обуки, кој е спремен да вложува во својата идна кариера или знаења може да се пријави и да ја погледне наставно-практичната програма на следниот линк: https://3dhub.mk/courses/.

Наставната програма според тематски содржини опфаќа темелно запознавање со основите на 3D моделирањето и 3D печатењето, изучување на најкорисните програмски (софтверски) алатки кои се користат денес за 3D моделирање. Покрај знаењето со кое ќе се стекне кандидатот, неодминливо е вклучена и соодветна практична настава, изработка на модели како дел од практичните вежби. Модели кои се еден вид на идно портфолио на кандидатот, кое понатака може слободно да биде искористено доколку се одлучи да се преквалификува и да работи во полето на 3D дизајнот и 3D печатењето.

3D печатењето на поедноставни модели е почетната фаза со која сите кандидати ќе навлегуваат постепено во оваа технологија.

Сите кандидати ќе се запознаат и со производството на филамент кој претставува основен репро-материјал за оваа дејност, а ќе научат и кои се неговите својства и технички спецификации кои се корисни за понатамошната понапредна манипулација со него.

Колкави се групите за следење на наставата и дали станува збор за странски или наши професори кои ги спроведуваат обуките?

Овие обуки поради актуелната здравствена ситуација се одвиваат во строго редуцирани групи и според строги протоколи за работа. Групите се двојно редуцирани во однос на првичните планови. Сите заинтересирани кандидати се распоредуваат во група според принципот: “прв пријавен – прв услужен“, а остатокот се распоредува во групи кои ќе започнат со настава во идниот зимски семестар согласно термините кои одговараат за повеќето кандидати.

Тука би сакале да ја изразиме нашата благодарност до сите пријавени кандидати кои имаа разбирање и ги почитуваа одлуките на нашиот тим, бидејќи нашето здравје во вакви мигови е наша колективна одговорност.

Обуките се спроведуваат под менторство на домашни, но меѓународно етаблирани професори, сертифицирани за Autodesk 3DS Max Professional предавање на знаење.

Што се случува по завршување на курсот? Дали можеби кандидатите имаат можност да работат за 3D HUB, или да започнат свој бизнис?

Секој успешен кандидат кој успешно ја проследил и ја комплетирал оваа обука, има можност да се стекне со своја авторизирана електронска веб-продавница на нашата платформата. 3DHub.mk – e место каде може да тргува, односно да ги продава своите креативни 3D модели или предмети кои ќе ги изработи.

Со ова всушност, секој кандидат/ученик добива и бизнис можност и бесплатна платформа за негов развој и промоција.
Платформата на 3DHub..mk е поврзана со многу други светски платформи за продажба на 3D модели и уникатни продукти – светот на 3D производи е навистина во подем, особено во актуелната ситуација кога електронските нарачки доживуваат подем.

Дополнително, 3D Hub понатака нуди услуги кои вклучуваат маркетинг за производите дизајнирани и произведени (отпечатени) во 3D Hub. Наша помош при целокупната постапка на подобрување на конкурентноста на производите, нивно брендирање и дефинирање на цена, испорака и промоција.

На овој начин, преку едукацијата, веб-продавницата и подготовката за производство и комерцијализација на 3D моделите, членовите и соработниците на 3D Hub добиваат уникатна можност за развивање на свој иден „занает“ и бизнис.

Занает, чија побарувачка на пазарот на трудот допрва следува и без кој е незамислива иднината на сите современи земји.

Секој слушател/кандидат, по успешно завршување на курсот ќе има можност за професионален ангажман од страна на 3DHub доколку навистина има желба и волја – да постане наш успешен дизајнер и изработувач на печатени 3D производ, наш колега!

Во 3D HUB-от во тек се отворени денови, дали е потребно претходно да се најават заинтересираните кандидати или да закажат термин за посета?

Секој заинтересиран може подетално да се запознае со можностите кои ги нуди 3Dпечатењето во нашиот простор. Доколку некој веќе има искуство и е добар во познавањата на оваа сфера, отворена е секако, можноста за соработка во нашите идни деловни процеси. Ентузијастите кои се двоумат или се веќе решени дека сакаат да се преквалификуваат може да се запознаат со опремата со која располага 3DHub и нејзините огромни потенцијали кои може да ги понуди. Од почеток до самото финале, од процесите на производство на филамент до готов 3D отпечатен производ. Отворени сме секој работен ден, од понеделник до петок, а се наоѓаме во скопската населба Хром( ул. Кленоец 69, веднаш позади Тинекс). Посета на 3DHub просторот може да се закаже на https://3dhub.mk/open-week/ или телефонски.

И за крај, горди сме што оваа иницијатива и овој проект беше успешно препознаен и ко-финансиран од Фондот за иновации и технолошки развој.



(комерцијална објава)

Издвојуваме

Образование