X
 20.01.2017 Здравје

Посипувањето сол врз замрзнатите јавни површини е штетно

Посипувањето на улиците и замрзнатите патишта со сол може да биде многу штетно поради разни причини. Сопственците на кучиња се особено свесни за ова.

Во основа, станува збор за најобичен натриумов хлорид, како кујнската сол, но со неколку дополнителни хемиски додатоци со чија помош солта е поделотворна во топењето на снегот и мразот, отприлика на околу минус 10 степени Целзиусови. И навистина функционира, исто како и калциумовиот, односно магнезиумовиот хлорид.

За да е делотворна, на секој квадратен метар на замрзнато и заледено тло, потребна е количина од околу 100 грама сол и тоа значи дека на патиштата и улиците во градовите се посипуваат огромни количини сол, без да се внимава на последиците. Особено врз животната средина. Таа е штетна за стеблата, растенијата, ги нагризува фасадите и спомениците, а откако ќе се исплакне, сите тие количини на сол се таложат во почвата, а остатокот поминува во подземните водени текови.
Сите сопственици на кучиња се свесни за колку агресивни материи станува збор. Нивните миленици неретко страдаат заради разранетите шепи под влијание на солта.

Инаку, потребата од посолување на улиците кога паѓа снег се намалува, доколку наносите навремено се чистат. Поедини општини во Германија, свесни за негативните последици од посолувањето, комплетно ја забраниле употребата на сол по улиците.

Берлин, Хамбург и Минхен апосутно ја забраниле употребата на сол за расчистување на улиците и тротоарите во зимскиот период, вклучително и на скалите. Во Штутгарт, пак, употребата е дозволена само во случаи кога врне замрзнат дожд што се заледува во допир со земјата. Како замена се употребува песок, чакал, варовник и дрвена пилевина.

Сите тие средства имаат некогаш поголеми, но некогаш и помали предности. На пример, велосипедистите не го сакаат чакалот по растопувањето. Затоа, пак, пилевината е погодна затоа што по употребата може да се собере и да се компостира.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје