X
 20.05.2023 Образование

Германија доделува стипендии за студирање на далечина

Германската служба за академска размена (ДААД) ќе додели 30 студентски стипендии за дигитални студии.

Стипендиите се наменети за студенти кои не може да ги продолжат магистерските студии во Германија или да ги почнат поради оправдани причини. Ова е прва ваква програма за стипендирање од службата, а е финансирана од германското Министерство за образование и истражување.

- Искуствата за време на пандемијата покажаа дека дигиталните формати им даваат на студентите пристап до висококвалитетни меѓународни курсеви. Со новата програма сакаме да ги искористиме дигиталните можности за да се создаде поголема разноликост и еднакви можности во пристапот на меѓународните курсеви - изјавил Џојбрато Мукирџи, претседател на службата.

Со стипендиите, студентите ќе може целосно или делумно да студираат на далечина, односно од својот дом. Овие студенти ќе може да се пријават и за други поволности во плаќањето на студиите на странски универзитети и грантови за патување.

Извор: Erudera
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование