X
 20.09.2021 Технологија

Научници создадоа холограми што може да ги допирате

Група истражувачи создадоа холограм кој може да го допрете и почувствувате, слично како оние на „Ѕвездени патеки“.

Научниците од Универзитетот на Глазгов создале систем за холограми што користи технологија што го стимулира чувството за допир преку воздухот. Според истражувачите, со помош на технологијата може да се чувствуваат рацете, прстите и зглобовите на лицето кое е во холограмот.

Со помош на ваков холограм би можеле да зборувате со лице кое се наоѓа на другата страна од светот и да се ракувате со него. Системот не бара специјални уреди, како ракавици или управувачи, за да се создаде чувството на допир. Наместо тоа, технологијата реагира на движењето на раката и дува воздух со соодветна сила за да се добие чувство на допир.

Истражувачите го тестирале системот со холограм од топка за кошарка која можеле да ја допрат, да ја вртат и да ја фрлаат.

Научниците се надеваат дека во иднина системот би можел да се користи за видеоигри или да им помогне на лекарите подобро да се грижат за пациентите без разлика каде се наоѓаат.

Извор: Futurism
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија