X
 21.02.2019 Живот

Се продава куќата во која најбогатиот човек на светот го почнал својот бизнис

Куќата во која најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, ги направил првите бизнис-чекори кога станува збор за технолошкиот гигант „Амазон“, се продава за 1,488 милион долари.

Иако Безос никогаш не бил сопственик на оваа куќа во Сиетл, поради светскиот успех на неговата компанија, овој имот денес го носи името „Родната куќа на Амазон“.

Безос во 1994 година дал отказ на тогашното работно место во Њујорк, по што се преселил во Сиетл, каде што во гаражата од домот го почнал својот претприемачки потфат.

Фото: BizLife

Оваа недвижност од 143 квадратни метри се наоѓа во предградие на Сиетл. Изградена е во 1954 година, а во 2001 година е целосно реновирана, заедно со гаражата која денес ни најмалку не личи на онаа во која Безос престојувал пред 25 години.

Инаку, ова не е првпат да се продава оваа недвижност. Пред десет години беше продадена за 620.000 долари.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот