X
 22.02.2024 Економија

ДЗС: Просечната нето-плата за декември е 39.998 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2023 година изнесува 39.998 денари, додека просечната бруто-плата за истиот месец е 60.036 денари, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2023 година, во споредба со декември 2022 година, изнесува 116,4.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27,5%), снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (27,1%) и градежништво (21,8%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: градежништво (9,7%), уметност, забава и рекреација (9%) и рударство и вадење на камен (8,6%).

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија