X
 22.03.2023 Забава

Необични подароци што им биле дадени на светските лидери

Мислите дека е тешко да купите подарок за некој близок? Замислете да купувате подарок за светски лидер.

Неодамна, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, добил препариран лав од претседателот на Зимбабве, Емерсон Мнангагви. За возврат, тој му подарил трактор.

Од друга страна, за Кина е важна „панда дипломатијата“. Оваа земја подарила десетици панди низ светот.

Во 2009 година Барак Обама му подарил 25 дивидија на премиерот на Велика Британија, но тие не функционирале на британските уреди.

Мали во 2013 година му подарила камила на претседателот на Франција, Франсоа Оланд, но поради правилата за вакцинација, тој морал да ја остави на семејство во Мали. За жал, тоа семејство ја изело камилата. Подоцна, Мали му подарила поубава камила на Оланд.



Извор: BBC
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава