X
 22.05.2018 Технологија

Хипнотизирачки детална снимка од Њујорк во 12k резолуција

Моќниот, прекрасен, космополитски Њујорк е уште поспектакуларен ако го погледнете во 12k резолуција. Во Европа неодамна пристигнаа 8k телевизорите и тоа од Јапонија, а сега имаме можност да ги видиме и првите снимки во професионална 12k резолуција. Всушност, немаме можност да ги погледнеме, бидејќи немаме на што, но најважно е дека се снимени и дека нивото на детали на снимката е неверојатно.

Видеото е снименo со помош на три поврзани „RED Monstro 8k VistaVision“ камери, со 48fps и секој кадар има резолуција од 100 мегапиксели. Вкупната резолуција е околу 12.288 х 6.912 пиксели, а е направена од Фил Холанд, кој вели дека е љубител на ваков вид креативност и се занимава со создавање видеоуметност.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија