X
 23.05.2018 Живот

Какви придобивки нудат најдобрите компании?

Сите се надеваме дека ќе имаме основни придобивки на работното место, како што се здравствено осигурување и плата.

Но некои компании навистина одат чекор понапред и на своите вработени им нудат паркинг, осигурување за нивните миленици и пари за патување низ светот.

Ова се најдобрите придобивки што ги нудат компаниите како „Ејрбнб“, „Нетфликс“ и други.

1. „Ејрбнб“ нуди 2.000 долари за стипендија за патување

Компанијата на своите вработени им дава 2.000 долари за да патуваат и да престојуваат во „Ејрбнб“ каде било во светот.

gugl
Фото: Reuters


2. „Гугл“ обезбедува бесплатна храна


Добро позната придобивка - на своите вработени „Гугл“ им обезбедува бесплатно јадење во кафулињата на кампусот, во микрокујните.

3. „Фејсбук“ нуди паркирање

Компанијата нуди помош за паркирање за своите вработени во седиштето на Менло Парк, заедно со бесплатна станица за полнење на електричните автомобили.

4. „Тесла“ им позајмува автомобили на вработените

Компанијата на Илон Маск има програма со која на вработените им дозволува да возат „тесла“ за на работа, па дури и да го задржат автомобилот во текот на викендот.

5. „Рибок“ на вработените им овозможува бесплатни часови по „кросфит“

Во оваа компанија вработените се охрабрени да земат слободно време од денот и да вежбаат и затоа им нуди бесплатни часови по „кросфит“.

6. Вработените на „Ин-Ен-Аут“ добиваат бесплатен хамбургер во секоја смена

Вработените на популарниот синџир добиваат двоен бургер во секоја смена.

7. „Генетех“ обезбедува фризури, спа-третмани и миење на автомобилите

Заедно со медицинските и стоматолошките придобивки, оваа компанија ги охрабрува вработените да одат на фризер, на спа-третмани, па дури и да си ги мијат автомобилите на работа.

8. „Ивентбрајт“ обезбедува членство во вежбалница


„Ивентбрајт“ за своите вработени обезбедува 60 долари месечна велнес-стипендија за членство во вежбалница, а канцелариите имаат и смути-бар.

9. „Скрипс хелт“ нуди здравствено осигурување за мачки и кучиња

2
Фото: Getty Iamges


Непрофитниот систем за здравствено осигурување на своите вработени им нуди здравствено осигурување за миленичињата.

10. „Твитер“ нуди акупунктура и часови за подобрување

Компанијата за социјални медиуми е позната по одредени придобивки, вклучувајќи оброци, јога и пилатес-часови во текот на работното време, но вработените имаат и пристап до третмани со акупунктура и часови за подобрување.

11. „Голдман Сахс“ обезбедува парични средства за операција за промена на полот


Оваа банка обезбедува парични средства за операција за промена на полот, процедура што потенцијално може да чини повеќе од 100.000 долари. Можноста ја нуди од 2008 година.

12. „Нетфликс“ дава цела година платено породилно отсуство и за мајките и за татковците


„Нетфликс“ ја има една од најдобрите политики за семејство во Америка. Вработените на оваа компанија можат да одат на платено породилно отсуство една цела година. Исто така, родителите можат да одлучат дали сакаат да се вратат и да работат половина или цело работно време, а можат да земат и слободни денови кога сакаат во текот на годината.

13. „Спотифај“ им помага на вработените во процедурата за замрзнување јајца


Компанијата за стриминг на музика покрива трошоци за замрзнување јајца и помош за плодност за своите вработени, а нуди и шест месеци платено породилно отсуство и еден месец флексибилни работни опции за родителите.

14. „Твило“ на своите вработени им дава профил на „Киндл“

За своите вработени „Твило“ обезбедува профил на „Киндл“ заедно со 30 долари месечна стипендија за купување книги.

15. „Буртон“ нуди сезонски билети за скијање

Вработените во оваа компанија добиваат сезонски билети за скијање и „снежни денови“ ако падне снег.

16. „Еверноут“ нуди бесплатни часови за правење „макаруни“

makaruns
Фото: Shutterstock


Компанијата што создава апликации за „фаќање белешки“ се грижи за своите вработени и што тие учат, па нуди часови преку „Еверноут Академи“ што вклучуваат како да се приготват макаруни.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот