X
 23.09.2019 Живот

Извлечена е втората 7-ка на Лото 7

Саботното извлекување на 21 септември донесе 7-ка во Кичево, вредна близу 200.000 евра

44. коло од играта на среќа Лото7, одржано на 21 септември 2019, во саботата, донесе 7-ка вредна 11.966.712,00 денари. Според податоците, извлечените броеви 5, 6,19, 26, 27, 31 и 34 се уплатени во Кичево на продажно место ТП Аива 5.

Ова е втора 7-ка од почетокот на приредување на играта Лото 7, постигната по само пет месеци по рекордната 7-ка која вредеше близу 500.000 евра (29.293.930,00 денари).

Во историјата на Лото-игрите приредувани од Државна лотарија ова е 23. 7-ка и прва во Кичево.

За 7-ка досега се славеше по еднаш во Свети Николе, Неготино, Тетово, Струмица и Кавадарци, два пати во Куманово, четири пати во Битола и единаесет пати во Скопје. Мапата на среќни добитници на 7-ка сега се збогати со нов град – Кичево.



Во очекување да го запознаеме среќниот добитник, со надеж за негова посета на нашите простории, ви пренесуваме дека уплатата е извршена на продажно место ТП Аива 5, кое се наоѓа на улицата „Борис Кидрич“ бб, во близина на зградата на Општина Кичево. Продажното место Аива 5 постои повеќе од дваесет години, а како уплатно-исплатно место за игрите на среќа на Државна лотарија работи нецели две години. Ја контактиравме сопственичката на продажното место, која ни рече дека се извонредно среќни што токму кај нив е уплатена 7-ката и се надеваат дека ќе го запознаат добитникот. Засега не може ни да претпостават за кој може да се работи бидејќи во саботите кај нив уплаќаат од различни градови и околни села, дури и за по пет кола однапред.



Очекуваме повеќе интересни податоци од средбата со добитникот. Досега дел од нашите среќни добитници на 7-ка со задоволство ги споделија своите лото-искуства и пренесоа пораки до играчите. Сите ни потврдија дека премиите им го промениле животот на подобро и им помогнале да остварат голем дел од своите планови и желби. Се надеваме дека наскоро ќе ја споделиме среќната приказна на вториот добитник на 7-ка од играта Лото 7, кој во 44. коло од играта на среќа Лото 7 постигна 7-ка вредна 11.966.712,00 денари, или близу 200.000 евра.

Кој игра тој добива

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот