X
 24.09.2023 Технологија

Видео покажува колку брзо се движат авионите

Видео споделено на „Тик-ток“, кое има над 1,8 милиони прегледи, покажува колку брзо се движат авионите додека летаат, односно кога не ги гледаме од голема далечина.

Постои име за ефектот што прави авионите да изгледаат како да не летаат толку брзо. Се нарекува „паралакса“ и се заснова на брзината на движење на објектот низ нашето видно поле. Така, автомобилот кој вози многу брзо на автопат се чини дека е побрз од авион на небото, кој останува во нашето видно поле многу подолго.

Сепак, ова видео покажува колку навистина се брзи авионите. Авионот на видеото, „боинг 737“ лета со брзина од 877 километри на час.

@plutosdestiny

The real speed of planes

♬ leni - ...


Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија