X
 24.12.2018 Наша тема

Средношколците од „Орце“ повторно најдобри!

Генерално, средната оценка минатата година е подобрена кај сите средни училишта во Македонија


Учениците од средните училишта од Македонија ланската учебна година повеќе учеле, односно добивале повисоки оценки ако се земат предвид просечните оценки на сите средни училишта што ги имале на крајот на годината. За разлика од учебната 2016/2017 година кога само едно средно училиште имаше просек над 4, лани дури 22 средни училишта имале средна оценка поголема од 4.

Најдобро училиште, ако се земат предвид само оценките на учениците, повторно е скопската гимназија „Орце Николов“. Лани ова училиште ја завршило годината со средна оценка 4,64. Преклани беше единственото училиште во Македонија со просек над 4, односно имаше средна оценка од 4,18.


Гимназија „Орце Николов“ Фото: Фејсбук

Во топ-трите училишта со најмногу петки повторно влегуваат скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ со просек 4,50, па охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ со средна оценка од 4,45. Со многу висок просек од 4,42 е и гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес, како и гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола со средна оценка 4,41.

Генерално, просекот минатата година е подобрен кај сите средни училишта во Македонија.
Неколку средни училишта се со просечна оценка двојка. Најмалку им се учело на учениците од скопското средно училиште „8 Септември“, кое има средна оценка 2,47, потоа следуваат „Гоце Стојчески“ од Тетово - 2,69, „Преродба-Рилиндија“ од с. Житош - 2,82, „Моша Пијаде“ од Тетово - 2,85, „Лазар Танев“ од Скопје - 2,94, АСУЦ „Боро Петрушевски“ од Скопје - 2,97 и тетовската гимназија „7 Марси“ - 2,98.

Ова е комплетната листа со средни оценки на крајот на учебната 2017/2018 година на средните училишта во Македонија, која ја добивме од Министерството за образование и наука:








Подготвил: Милена Атанасоска-Манасиева/milena.atanasoska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема