X
 25.12.2017 Култура

Само во овие земји денес не се слави Божиќ

Додека голем број западни земји го прославуваат Божиќ на 25 декември, кај нас како и во поголемиот дел од Советскиот Сојуз и на Блискиот Исток, Божиќ се слави 13 дена подоцна. Причината поради тоа што Божиќ се слави на 7 јануари е тоа што некои земји сè уште ги слават празничните денови според јулијанскиот календар, кој во моментов е 13 дена зад грегоријанскиот календар.

Јулијанскиот календар бил создаден под владеењето на Јулиј Цезар во 35 година пр.н.е и бил широко користен пред воведувањето на грегоријанскиот календар, предложен од латинскиот папа Грегориј од Рим во 1582 година.

Денес, повеќето земји го имаат усвоено новиот календар, но некои сè уште ги користат јулијанските календарски датуми за нивните традиционални празници. На пример, Богојавление се слави на 19 јануари, а не на 6 јануари.

Некои од земјите што ќе го слават Божиќ на 7 јануари се Македонија, Белорусија, Црна Гора, Русија, Грција и Србија...

Како го прославуваат?

Некои божиќни традиции се споделуваат меѓу земјите што го користат јулијанскиот календар. Ова е период кога се пости и се прават добри дела, а месото се отстранува од исхраната 40 дена.

Бадник се прославува со посебна вечера на која често има 12 јадења, кои ги претставуваат 12. апостоли - иако некои луѓе воопшто не јадат на Бадник сè додека не се појави првата ѕвезда на небото.

Сепак, секоја земја има своја специфична традиција:

Србија

Бадник се слави со барање дабови гранчиња, кои подоцна, за време на вечерата, а и за време на службата во црквата, се горат. Првата личност што влегува во куќата на Божиќ ги симболизира тројцата мудреци и нејзе ѝ е даден посебен поздрав.

Белорусија

Бадник се слави со јадење палачинки и риба, а на масата, под чаршафот, е наместена слама. „Божиќните цареви“ извршуваат обред со карневали и народни драми за одбележување на Новата година.

Црна Гора


Главата на домаќинството го сече Јуле, трупче дрво, и го носи на Бадник. Се поставува сламата во куќата за да ги симболизира јаслите, а дрвото подоцна се гори. За време на божиќната вечера семејството крши леб со паричка внатре. Ако во вашето парче паднала паричката, тогаш се смета дека во текот на годината ќе имате среќа.

Русија


На Бадник се јадат 12 вида јадења што ги претставуваат 12. апостоли, вклучувајќи супа, риба и полнета зелка. На 7 јануари семејствата одат во црква и уживаат во божиќна гозба.

Казахстан

Семејствата се собираат заедно - јадат и пијат вино додека пеат песни, танцуваат и прават тостови. На Божиќ соборната црква во Алмати има полноќна литургија.

Македонија


Во домовите се носи традиционален труп од даб. Овој трупец се сече од страна на машката глава на семејството и од најстариот син, додека масата се поставува за посна вечера. Трупецот се сече на три дела што го претставуваат светото тројство - секое парче се носи во домот од таткото. Синот или друг член на семејството добива дел од трупецот и го става во огнот, а сите си посакуваат „Добра вечера и среќен Бадник“. Божиќната вечера обично се состои од печено прасе и други празнични јадења; прославата трае 3 дена.

Етиопија

Хорот започнува да пее на православните церемонии рано наутро, а по службата мажите и момчињата играат игра наречена гана. Се игра со искривен стап и тркалезна дрвена топка, слично како хокеј. Традиционалната божиќна вечера во Етиопија вклучува зачинета чорба што содржи месо, зеленчук и понекогаш јајца.

Еритреја


Во оваа поранешна италијанска колонија се слават традиции воведени од Италија. Се јаде панетоне и се дели кафе. Божиќ се поминува со семејството. Специјалитет се козите.

Египет

43 дена пред Божиќ, од 25 ноември до 6 јануари, египетските христијани постат. Во основа јадат вегетаријанска храна. На Бадник тие се гостат со месо, јајца и путер. Следниот ден луѓето се собираат за забава и прослави.

Израел


Во Израел, Божиќ се слави трипати. Католичката, протестантската и руската православна црква го слават Божиќ на 25 декември. Грчката православна црква, сириската православна црква и романската православна црква го прославуваат Божиќ на 7 јануари. Ерменската православна црква го слави Божиќ на 18 јануари.

Грузија


На Божиќ семејствата во Грузија се облекуваат и излегуваат на улиците за да го прослават и да си честитаат.

Моладвија

Новогодишните елки обично се украсуваат на новогодишната ноќ во Молдавија, а подароците се нарекуваат новогодишни подароци.

Романија

Во Романија божиќната прослава трае од 20 декември до 7 јануари. На Св. Игнат  (20 декември) се коле свиња. Се јаде со романска ракија од слива.

Украина


Периодот од 7 до 14 јануари се смета за празник, па така луѓето се дотеруваат, ги посетуваат пријателите и пеат божиќни песни (на пример, Колјадка) и си посакуваат разни благослови. Како и во Русија, за Бадник се служат 12 вида храна во чест на 12. апостоли.

Грција

Повеќето луѓе во грчката православна црква го слават Божиќ на 25 декември, но дел од нив го користат јулијанскиот календар и го слават Божиќ на 7 јануари. Елките се популарни во Грција, но постара и почеста традиционална декорација е плитката дрвена чинија со парче жица. На жицата се наоѓаат босилек и дрвен крст. Во чинијата се става вода за да го одржува босилекот свеж. Еднаш дневно, обично мајката во семејството, ги потопува крстот и босилекот во света вода и ги прска собите во куќата. Исто така, семејствата палат оган што гори 12 дена за да ги задржи лошите духови подалеку од домот, за кои се смета дека ако влезат преку вашиот оџак, ќе предизвикаат проблеми во куќата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура