X
 26.10.2022 Живот

По проверката, „Орце Николов“ е безбедно и утре продолжува со настава

Заврши антитерористичката проверка на средното училиште „Орце Николов“ и оттаму ни изјавија дека е безбедно.

- По евакуацијата и откако заврши проверката, средното училиште, „Орце Николов“ е безбедно и наставата ќе продолжи утре - изјави за Факултети.мк, Митко Димовски, директор на училиштето.

Пет училишта во Скопје денеска преку е-пошта добиле закани дека во нивните објекти е поставена бомба.

По добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и мерки за расчистување на случајот, наведуваат од МВР.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот