X
 26.10.2023 Здравје

Која е разликата меѓу промените во расположението и нарушување на менталното здравје?

Промената на расположението е нешто што е типично за сите луѓе и тешко е да се каже дека има некој што не поминал низ тоа барем еднаш. Сепак, многу е важно да се препознае границата помеѓу промените на расположението и нарушувањата на расположението - понекогаш тие се патот до болести кои треба да се лекуваат.

Нормални се промени во расположението, но до одредена граница

Фрустрација, очај, тага, задоволство, еуфорија... Сето тоа се фази на расположение на кои сме изложени во текот на животот. Науката, сепак, ги одреди границите што го делат нормалното однесување од патолошките промени и болестите. Како и кај симптомите на некои други болести, тие се однесуваат на тоа колку долго траат промените, со каков интензитет се и каков е квалитетот на животот на човекот. Некои промени што може да бидат алармантни се промени во апетитот, нарушен сон, промени во либидото, самоубиствени мисли или обид за самоубиство.

Промени во расположението кои се симптоми на нарушувања

Постојат депресивни и биполарни нарушувања, а двете може да имаат различни симптоми.

Вообичаени симптоми на депресивното нарушување се општа слабост, анксиозност, несоница, болка во различни делови од телото, очај или емоционална празнина, халуцинации, неможност да се согледаат среќата и радоста, преголема чувствителност, неодлучност, прекумерна грижа, изливи на гнев, чувство на вина, нереалистични мисли, раздразливост, губење интерес за луѓе или настани, самоизолација и самоубиствени мисли.

Од друга страна, биполарното нарушување може да ги има следните симптоми: премногу весело расположение, еуфорија, зголемена експресивност, влегување во конфликт ако им се спротивставите, зголемено ниво на енергија, зголемена гестикулација, високо ниво на будност иако малку спијат, нерационално трошење пари, брз проток на мислата, зголемени промискуитетни идеи, тенденција кон голем број планови кои не може да се реализираат, недостиг на перцепција за проблем и халуцинации.

Депресивните нарушувања се јавуваат почесто кај жените. Причините се различни, но некои од нив имаат докажана предиспозиција, како хормонални промени во репродуктивниот период од животот, зголемено ниво на стрес, зголемена одговорност кон семејството, децата и работата. Освен тоа, жените почесно се обраќаат на професионалци за помош.

Најголемата заблуда што се јавува кај двата пола е дека нарушувањата на расположението се исти како и промените во расположението. Тагата и депресијата не се исти. Тагата е сосема нормална емоција, а депресијата е сериозна ментална болест која бара лекување.

Извор: Eklinika
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје