X
 27.09.2021 Здравје

Од денеска се вакцинира со трета доза, може да ја примат и оние што се вакцинирале во странство

Здравствените работници, граѓаните над 60 години и лицата што имаат имунокомпромитирана здравствена состојба, а кај кои има поминато 6 месеци од примената ревакцина, од денеска може да примаат трета доза на вакцина против коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.

- Во текот на минатата седмица јавните здравствени организации беа информирани дека здравствените работници, независно од возраста, може да примаат трета доза вакцина во кој било од вакциналните пунктови во земјава - стои во соопштението.

Од Министерството за здравство додаваат дека трета доза вакцина може да примат и граѓаните што се вакцинирале во странство. Тие на вакциналните пунктови задолжително ќе мора да приложат валиден документ од примените две дози вакцина за да бидат евидентирани во националниот систем „Мој термин“.

Трета доза вакцина може да се прими без да се закажува термин, како што е и за првите две дози. Вакцинацијата со трета доза се спроведува на сите вакцинални пунктови во државата, каде што во тек е вакцинација и ревакцинација, истакнуваат од МЗ.

Фото: Pixabay

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје