X
 28.04.2023 Економија

12.556 работници не добиле плата за февруари, а за март близу 32 илјади

Плата за февруари во државата не зеле 12.556 работници, а за март 31.975 вработени лица, информира на денешната средба со новинарите директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

-За месец февруари 2023 година, обврска имале 69.059 работодавачи, за 554.237 вработени лица. Од нив, 61.520 ја платиле пресметката, а не ја платиле 2.403 за 4.991 вработено лице, а 5.136 работодавачи за 7.565 вработени воопшто немаат поднесено пресметка за плата за февруари. За месец март обврска да поднесат пресметки за плата имале 69.156 работодавачи за 555.161 вработени лица. Од нив, пресметката ја платите 56.073 работодавачи за 523.186 вработени. Поднеле пресметка, но не ја платите 7.367 работодавачи за 20 363 вработени, додека 5.716 работодавачи за 11.612 вработени се уште не поднеле пресметка за минатиот месец - рече Лукаревска.

Според податоците на УЈП, речиси ист е процентот на исплатени плати од компаниите кои поднеле пресметка за плата во февруари годинава (67 проценти) со оној од февруари лани (66 проценти). Во март, тој процент е нешто поголем (71 процент) во однос на март лани (68 проценти).

Согласно законскиот рок, пресметка за плата се доставува до десетти во тековниот месец за претходниот, а рокот за исплата е до 15. во месецот. За фирмите кои не се придржуваат до роковите, следи опомена, па блокада на сметката.

Извор: МИА
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија