X
 28.10.2020 Образование

Царовска: Mедиумската писменост да се учи во основно и средно образование

Неопходно е учениците од најмала возраст да се едуцираат за медиумите, за да се стекнат со вештини и да умеат да пристапат до медиумите, да ги развијат способностите за нивно користење и да имаат критички пристап во читањето за да ги разберат информациите. Затоа, имаме реална потреба медиумската писменост да стане дел од формалното образование. Ова го истакна министерката за образование и наука на денешната онлајн-дебата „Потребата и можностите за вклучување на медиумската писменост во формалното образование во Северна Македонија„.

- Остануваме и понатаму на владините политики за поддршка на сите иницијативи граѓаните да се стекнат со добро разбирање за медиумите, добро да ги читаат и препознаваат скриените агенди и да се стекнат со вештини за селекција на информациите. Сето ова им овозможува на граѓаните активно да учествуваат во јавните дебати и да влијаат врз промените, а тоа треба да се научи низ процесот на образованието - рече Царовска.

Министерката истакна дека МОН и Владата во соработка со Бирото за развој на образованието продолжуваат активно да работат на вклучување на медиумската писменост во некои предмети во основното и средното образование и целиот овој процес се прави со повеќе институции и граѓански организации.

Издвојуваме

Образование