X
 28.12.2018 Образование

Ученици од ПСУ „Јахја Кемал“ освоија 45 медали на OWLYPIA-The Intellectuals' Challenge

Рекордни 26 златни, 13 сребрени, 6 бронзени и 5 пофалници освоија учениците од ПСУ „Јахја Кемал“ на онлајн-натпреварот OWLYPIA-The Intellectuals' Challenge. Ова успешно училиште го претставија 65 ученици. Целта на натпреварот е да се стимулира интелектуалната љубопитност кај младите и да се подобрат нивните академски вештини.


Темата на натпреварот годинава е „Креативност над границите“. Учениците избираат еден од предметите на општествените науки, уметноста и музиката, литературата и културата, науката и технологијата, економијата и бизнисот и се подготвуваат за конкуренција со користење на ресурсите споменати во таа тема.
На глобалниот натпревар Owlypia учествуваа 1.350 студенти од 31 земја.
На 9 февруари ќе се одржи локалниот натпревар, потоа следуваат натпреварите во Давос, Сиднеј, Кембриџ, а финалето е на Харвард во САД.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование