X
 29.08.2023 Живот

Средношколците ќе ги добијат билетите за бесплатен превоз во училиште

Учениците од прва година средно образование кои ги исполнуваат условите за бесплатен превоз (ученици во средни училишта чиј основач е Град Скопје) ќе ги добијат билетите во матичните училишта. Всушност, сега ќе им бидат дадени времени билети, кои во меѓувреме ќе бидат заменети со „Скопска“.

Учениците од повисоките одделенија, во случај да имаат потреба од нова персонализирана електронска картичка „Скопска“ (поради изгубена картичка и слично), нова/дупликат можат да обезбедат во кој било центар за персонализација на ЈСП Скопје.
Притоа, неопходно е да достават потврда од училиште и да платат еднократен надомест од 200 ден. за изработка на картичката.

Средношколските билети за бесплатно користење јавен превоз, важат за сите линии (градски и приградски) во период од 5 до 24 часот, односно единствено не важат за користење на ноќни линии.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот