X
 30.04.2023 Технологија

Јавната администрација во Јапонија ќе користи „Чет-ГПТ“

Многу се зборува за „Чет-ГПТ“ и неговата примена, а досега се докажа како успешна алатка за многубројни задачи. Дали оваа алатка би можела да се применува и во јавната администрација?

Јапонскиот град Јокосуки во префектурата Канагава ќе го тестира „Чет-ГПТ“ во работата на општинската администрација. Околу 4.000 вработени во администрацијата во период од еден месец за секојдневната работа ќе ја тестира алатката за да се обидат да ја зголеми ефективноста.

Еден од големите проблеми со кои се соочува Јапонија е староста на нацијата, но и намалувањето на населението. Затоа, градот се одлучил да се обиде да ги поправи проблемите предизвикани од недостиг на работна сила со помош на вештачка интелигенција.

„Чет-ГПТ“ би требало да завршува едноставни задачи како изработка на нацрт-документи и маркетиншки материјали, додека вработените би можеле да посветат поголемо внимание на комуникацијата со граѓаните и другите обврски.

Без оглед на резултатите од ова тестирање, јапонската Влада покажала дека е отворена за прифаќање и примена на технолошки алатки и вештачка интелигенција во административната работа. Претходно месецов оваа земја ја посетил Сем Алтман, главен извршен директор на „Опен АИ“, компанијата која стои зад „Чет-ГПТ“. Алтман разговарал со владините претставници за користењето на вештачката интелигенција и изјавил дека се размислува за отворање канцеларија во Јапонија.

Извор: Zimo
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија