X
 30.05.2023 Живот

Претпладне сончево, попладне дождливо - прогноза за продолжениот викенд

Со оглед на тоа дека нè очекува продолжен викенд, сите се интересираме какво ќе биде времето и дали ќе можеме да го искористиме за да прошетаме.

Од Управата за хидрометеоролошки работи објавија временска прогноза за следните денови. Во неа стои дека следниве денови во претпладневните часови ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Сепак, температурите ќе бидат прилично високи и максималните ќе достигнуваат и до 29 Целзиусови степени.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот