X
 30.08.2023 Живот

„Гугл флајтс“ отсега ќе покажува кога е најповолно да купите авионски билет

„Гугл флајтс“ има нова опција со која патниците ќе може да го одредат совршеното време за резервација на лет.

Новата опција треба да биде достапна оваа недела, а таа користи податоци за историски трендови за да процени кога цените на билетите би биле најниски за одредената дестинација и одредените датуми.

Целта е да им помогне на корисниците да резервираат летови по најниски цени. На пример, со новата опција корисниците би можеле да видат дека најповолно време за резервација обично е два месеца пред патувањето или дека цените се пониски пред самото патување. На овој начин корисниците ќе може да одредат дали да резервираат лет веднаш или да почекаат подобра цена.

„Гугл флајтс“ веќе нуди други опции за следење цени на летови, а, меѓу другото, корисниците може да вклучат опција за следење цени и да добиваат известување кога цената на посакуваниот лет ќе се смени.

Според анализата на досегашните трендови, цените на летовите се најниски околу 70 дена пред патувањето, откриле од компанијата „Гугл“.

Извор: Geek
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот