X
 31.01.2024 Живот

Ова е најсрдечниот град во Европа

Со нешто повеќе од 10.000 жители, Ермуполи воодушевува со своето 200-годишно постоење, а стана препознатлив по својата исклучителна љубезност и срдечност кон посетителите.

Ова го покажува истражувањето на веб-страницата „Букинг“, која доделува годишни награди врз основа на оцените и рецензиите на корисниците. Во глобална смисла, најсрдечниот град е Араиал д Аџуда во Бразил, додека во Европа се издвојува грчкиот Ермуполи. Други европски градови на листата се Виана до Кастело во Португалија, Гринделвалд во Швајцарија и Узес во Франција.

Освен што е најсрдечниот град, Ермуполи е и туристичка дестинација која го привлекува вниманието на посетителите со своите живописни пејзажи и историско наследство. Овој мал град, основан за време на Грчката револуција во 1820 година од бегалци, станал важен трговски и индустриски центар, а денес во голема мера се потпира на туризмот.

„Букинг“ открива дека апартманите се најчесто наградуваниот тип на сместување во текот на измината година, со награди на повеќе од 309 милиони проверени прегледи на корисници. Покрај Ермуполи, истражувањето награди и голем број сместувачки капацитети во светот, истакнувајќи ги исклучителните дестинации и услуги кои особено ги ценат патниците.

 

Извор: 24sedam.rs
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот