X
 31.08.2018 Наука

Неверојатно откритие: ЦЕРН дозна на кој начин се распаѓа Хигсовиот бозон на фундаментални честички

Анализата на две компании што го користат Големиот хадронски судирач ја набљудувала дезинтеграцијата на Хигсовиот бозон.

По шест години од откривањето на Хигсовиот бозон, конечно е откриено како се распаѓа на фундаменталните честички познати како „долен кварк“. Ова откритие во ЦЕРН произлезе од соработката помеѓу АТЛАС И ЦМС, двете најголеми меѓународни истражувачки групи што го користат Големиот хадронски судирач.

И двата тима ги дале своите резултати да се објават, а откритието е во согласност со хипотезата дека квантното поле на Хигсовиот бозон дава маса и споменатиот „долен кварк“. Всушност, според стандардниот модел на физиката на елементарните честички, дури 60 отсто од времето Хигсовиот бозон се распаѓа токму на пар „долни кваркови“. Овие кваркови се втори по масата меѓу шест вида.

bozon
Фото: ATLAS/CERN


Проверката на претпоставката дека Хигсовиот бозон се распаѓа на два „долни кварка“ е од клучно значење за модерната физика бидејќи резултатите можат или сосема да ги поткопаат сегашните теории на физиката или да го потврдат стандардниот модел, заснован на идејата дека Хигсовото поле ја дава масата на кварковите и другите елементарни честички.

Ефективно, ова откритие е голем чекор напред. Хигсовото поле (полето на енергија што ги опкружува честичките на Хигсовиот бозон) се проткајува низ просторот заедно со честичките.

И со тоа што научниците биле сведоци како се распаѓаат и им даваат маса на овие кваркови, можат да ги отфрлат другите објаснувања и да продолжат да откриваат како сѐ друго се поврзува со вселената.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука