X
 31.08.2023 Забава

Преку ноќ станал најбогат човек во светот откако по грешка му стигнале пари на сметка

Што би направиле доколку се разбудите како најбогат човек на планетата? На многумина од нас им е тешко дури и да сонуваат такво сценарио, но тоа всушност ѝ се случило на една личност.

Крис Рејнолдс еден ден го отворил својот „Пејпал“ и откри дека е многу побогат отколку што бил кога заспал, и тоа за неверојатни 92 квадрилиони долари. Пред десет години, во јули 2013 година, од непозната причина, на 56-годишникот на сметка му легнала вртоглава сума која изгледа вака: 92,233,720,368,547,800 долари.

Многу краток момент тој бил единствената личност на Земјата што можела да се пофали дека е квадрилионер. Претходно Рејнолдс имал околу 1.000 долари на својата сметка на „Пејпал“.

Сепак, неговата титула за најбогат човек на светот траела кратко бидејќи кога вработените во „Пејпал“ сфатиле што се случило, го решиле проблемот и му се извиниле на Рејнолдс за целото недоразбирање.

Компанијата се понудила да донира сума во хуманитарна организација по избор на Рејнолдс. На прашањето што би направил со тие пари, Рејнолдс несебично открил дека ако можел да ги задржи парите, ќе ги искористел за да го плати државниот долг.


Извор: Idesh
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава