X
 10.07.2019 Препорачани огласи

Дали барате возбудлива и предизвикувачка можност?

Дали барате возбудлива и предизвикувачка можност?

Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?

Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи едновремено баланс помеѓу работата и приватниот живот, и сето тоа во најубавиот град во земјата – Охрид?

Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!

Ако:
- сте штотуку дипломирани инженери;
- имате напредно познавање на англискиот јазик (чита, пишува, говори);
- имате напредно познавање на MS Office;
- имате одлични вербални комуникации и интерперсонални вештини;
- сте проактивни, посветени, подготвени за предизвик и отворени кон стекнување на нови знаења, вештини и искуство;
- сте подготвени да патувате во земјата и странство;

Ние, КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, им овозможуваме на младите инженери да се развиваат низ континуиран процес на размена на мислења и идеи, градејќи култура на постојано подобрување, учење и вреднување на учинокот,

Обезбедувајќи:
- Договор за вработување од 6 месеци со можност за негово продолжување на неопределено време;
- Работа со ментор, од редот на поискусните колеги;
- Покриени трошоци за сместување, за учесниците во програмата кои не со регистрирано живеалиште во Охрид, Стуга или Дебарца, во првите 6 месеци од работниот однос;
- Организиран превоз од Охрид / Струга/ Ресен до КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, и обратно;
- Топол оброк во фабричката кантина;
- Компетитивни месечни примања;

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА е работодавач кој нуди еднакви можности, придржувајќи се до највисоките меѓународни корпоративни и управувачки практики.

Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со наведување "Инжинер на тренинг” во насловот на електронската пошта, на следнава адреса:

KOMAK_HR@KOSTAL.COM

Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Активен до:    31.12.2019

Издвојуваме

Препорачани огласи