X
 29.12.2020 Стипендии

Стипендии за студентски престој од владата на Словачка

Отворени се апликациите за стипендиите на словачката влада за 2021-2022. Националната програма за стипендии на Словачка е воведена за да ја поддржи мобилноста на студентите, докторандите, универзитетските професори, истражувачите и артистите.

Словачката владина стипендија за меѓународни студенти е финансирана од тамошното Министерство за образование, наука и истражување. Стипендијата им се дава на кандидати кои сакаат да поминат краток престој (генерално 3 до 10 месеци) во Словачка за истражувачки цели или за учење.

Крајниот рок за аплицирање е 30 април, 2021.

Повеќе детали можете да прочитате ТУКА.
Активен до:    30.04.2021
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Стипендии