X
 01.10.2026 Живот

За 10 години, Западен Балкан ќе се соочи со суша

Сите модели покажуваат дека за 10 години Западен Балкан ќе се соочи со суша, а сите земји во регионот изработуваат стратешки насоки за приспособување кон новите услови, изјави генералниот секретар на Постојаната работна група за регионален рурален развој на земјите од Југоисточна Европа, Бобан Илиќ.

-Сите модели што ги изработуваме укажуваат на тоа дека климатските промени до 2034-2035 година ќе создаваат привид бидејќи вкупните врнежи ќе бидат и над просекот, вегетацијата ќе буе, но распоредот на врнежите нема да биде добар - укажа Илиќ и додаде дека треба да се очекуваат поплави и големи снегови по кои во краток рок би следувала висока температура.

Илиќ наведе дека во изработката на насоките за приспособување кон новите услови на ниво на Балканот се вклучени околу 1.800 луѓе, а се очекува да бидат усвоени среднорочни и долгорочни стратегии.

- Следната година, поради проблемите со климатските промени, регионот ќе се обиде да разработи барем пет до шест приоритетни мерки што се однесуваат на приспособувањето - изјави Илиќ.

Тој оцени дека земјоделството ќе се менува и од социолошки и од стопански аспект, како и дека доаѓа време на образовани, подготвени, млади претприемачи кои ќе го преземат земјоделството.

Извор: бука
Фото: magnific

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот