X
 05.02.2020 Култура

Четири филма на „Скопје синема сити загревање“

Четири филма ќе бидат прикажани вечерва и утревечер во 19 часот во Кинотеката на Македонија, на програмата на фестивалот „Скопје синема сити“ со поднаслов „Загревање“. Зимското издание на фестивалот ќе биде отворено со филмот „Гледајќи го Глас“ во режија на Ерик Дармон, посветен на реномираниот филмски композитор Филип Глас, кој во декември минатата година ја доби наградата за животно дело за достигнувања во музиката и филмот токму од фестивалот „Скопје синема сити“.


Филип Глас

Глас неодамна наполни 83 години и сè уште е активен и како композитор и како изведувач. Тој е еден од четирите основоположници на минимализмот - правец во класичната музика кој во 60-тите и 70-тите години на минатиот век направил револуција во класичната музика. Зад него е огромен опус кој се состои од голем број симфониски дела, филмска музика, опери, музика за театар, дела за соло-инструменти, хорска музика итн.

Во 20:30 часот ќе биде прикажан филмот „Визијата за рајот на Ли Скреч Пери“ на Фолкер Шанер за даб реге-легендата Ли Скреч Пери. На 6 февруари од 19 часот ќе биде прикажан филмот „Квин: Приказната зад Боемската рапсодија“, а еден час подоцна и „Постигни или умри: Приказната за пијанистот Ланг Ланг“.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура