X
 05.10.2022 Живот

Денеска почнува аплицирањето за зелена карта за САД

Денеска почнува онлајн регистрацијата за Лотаријата за зелена карта за 2024 година, објавија од Стејт департментот. Аплицирањето ќе заврши на 8 ноември.

Единствениот начин за аплицирање е на следниот линк: https://dvprogram.state.gov/

Линкот сè уште не е активен затоа што аплицирањето ќе почне напладне по американско време, што значи дека ние ќе може да почнеме да аплицираме од 18:00.

По завршувањето на апликацијата ќе добиете потврда со единствен број кој треба да се чува. Со овој број потоа се проверува статусот на апликацијата.

Аплицирањето за лотаријата е бесплатно. Со среќа!



Извор: Facebook
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот