X
 12.03.2019 Живот

Кои авиокомпании сѐ уште користат „боинг макс 8“?

Ова е вторпат за помалку од шест месеци авион да се урне во рок од неколку минути по полетувањето. Во октомври новиот „боинг 737 макс 8“ на „Лајн ер“ се урна над Јаванското Море, при што загинаа 189 лица.

И двете несреќи се под истрага и не постојат докази за врска меѓу нив, но сличностите меѓу инцидентите предизвикаа внимателност кај воздухопловните власти и компании.

Има околу 350 авиони „боинг 737 макс 8“ што оперираат низ светот, а ги поседуваат околу 54 оператори. Патниците можат да ја проверат целата листа со авиокомпании што летаат со ваков авион на веб-страницата на „Боинг“.

avion
Фото: Wikipedia


Кои авиокомпании поседуваат ваков авион, а планираат да не ги користат во блиска иднина?

„Етиопиан ерлајнс“

Превозникот нема да ги користи преостанатите четири вакви авиони до понатамошно известување поради внимателност.

„Кајман ервејс“


Оваа авиокомпанија има два нови вакви авиони. Во понеделникот соопшти дека привремено нема да ги користи додека не добие повеќе информации.

„Американ ерлајнс“

Американскиот авиопревозник има 24 „737 макс 8“ и вели дека во моментот нема планови да не ги користи.

Во соопштение, „Американ ерлајнс“ изрази сочувство до семејствата на загинатите и рече дека ќе продолжи да ја следи истрагата за несреќата.

„Саутвест ерлајнс“


Овој американски превозник има 34 од авионите и не планира да ги промени своите оперативни политики или процедури.

- Остануваме уверени во безбедноста на нашата флота од повеќе 750 авиони „боинг“ - се вели во изјавата на оваа авиокомпанија.

„Норвежиан ерлајнс“


Авиопревозникот од Норвешка ќе продолжи да работи со 18 од овие авиони.

- Комуницираме со компанијата и ги следиме инструкциите и препораките на нивните воздухопловни власти. Безбедноста на нашите патници е и секогаш ќе биде наш врвен приоритет - изјави Томас Хештамер, директор на операции за лет.

„Ти-ју-ај“


Овој авиопревозник има 15 од авионите.

- Не коментираме шпекулации и сме во близок контакт со производителот. Немаме индикации дека не можеме да работиме со нашите „737 макс“ на безбеден начин како што правиме со сите други авиони од нашата мрежа - се вели во соопштението на авиокомпанијата.

„Силк ер“


„Силк ер“ вели дека нема планови да го прекине користењето на овие авиони.

- Во овој момент нашите летови со „737 макс 8“ функционираат според планираното - се вели во соопштението.

„Фиџи ервејс“

„Фиџи ервејс“ моментално поседува два „737 макс 8“ и има уште три нарачки за оваа година.

- Имаме целосна доверба во нашата флота - се вели во соопштението на авиокомпанијата.

„Исланд ер“


„Исланд ер“ вели дека нивните три авиони летаат.

- Во оваа фаза не преземаме никакви дејства, но, сепак, ги следиме случувањата и ќе продолжиме да правиме сè што е во наша моќ за да осигуриме безбедност - се вели во соопштението на компанијата.

„Флај Дубаи“


„Флај Дубаи“ има 11 „боинг 737 макс 8“ и вели дека останува сигурен во безбедноста на својата флота.

- Ја следиме ситуацијата и продолжуваме да контактираме со производителот. Безбедноста на нашите патници и членови на екипажот е наш прв приоритет. Авијацискиот сектор е високо регулиран и „Флај Дубаи“ строго се придржува кон сите прописи - велат од компанијата.

„Вестџет“


Канадската авиокомпанија вели дека има 13 „макс 8“ и 121 „боинг 737“ во својата флота.

- Внимателно ја следиме ситуацијата и нема да шпекулираме за причината за несреќата. „Вестџет“ останува сигурен во безбедноста на нашата „боинг“ флота вклучувајќи ги и 13-те „макс 8“ авиони - велат од авиокомпанијата.

„Џи-о-ел Линха аерас“

Бразилската авиокомпанија има седум вакви авиони.

- Продолжуваме да ги следиме истрагите и имаме близок контакт со производителот. Компанијата ја потврдува довербата во безбедноста на својата флота - велат оттаму.

Што велат авијациските власти?


Администрацијата за цивилно воздухопловство на Кина

Кина има 97 вакви авиони. Во пресрет на несреќата во неделата, Администрацијата за цивилно воздухопловство им нареди на сите домашни „737 макс 8“ авиони да слетаат до 18 часот, повикувајќи се на нулта толеранција за ризици кога станува збор за безбедноста.

Индонезија


Индонезија привремено ги натера да слетаат сите авиони „боинг 737 макс 8“ во понеделникот, во очекување на понатамошни инспекции.

Во соопштение, Генералниот директорат за воздушен транспорт од министерството за транспорт изјави дека политиката ќе обезбеди авионите што работат во Индонезија да бидат во безбедна состојба.

Федералната администрација за воздухопловство на Америка


Во неделата американското воздухопловно тело изјави дека ќе им помогне на властите во Етиопија да ја испитаат несреќата.

По несреќата на „Лајн ер“, во која летал авион „737 макс 8“ во октомври, американското воздухопловно тело соопшти дека испратило итна директива за безбедност за да ги советува превозниците и пилотите за обука за ослободување на автоматските контроли на авионот ако се покажат аномалии.

Британски орган за цивилно воздухопловство


- Во моментот имаме пет авиони „боинг 737 макс 8“ регистрирани во Обединетото Кралство - соопшти портпаролот на Управата за цивилно воздухопловство на Велика Британија, додавајќи дека шестиот авион треба да почне со работа оваа недела.

- Федералната администрација за воздухопловство на САД е одговорна за сертифицирање на сите модели на „боинг 737 макс 8“, а европската агенција за воздухопловна безбедност е таа што ја потврдува сертификацијата низ ЕУ, вклучувајќи ја и Велика Британија - додаде портпаролот.

Агенција за воздухопловна безбедност на ЕУ


Агенцијата соопшти дека внимателно ја следи истрагата за несреќата.

- Веднаш ќе објавиме какви било  информации на нашата веб-страница - се вели во соопштението на агенцијата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот