X
 13.03.2018 Живот

Правилото 50/20/30 ќе ви помогне да заштедите пари

Месечниот буџет е една од оние финансиски потреби за кои никој не сака да размислува, а сите треба да го прават тоа. Распределувањето на вашите пари може да биде деликатно, но правилото 50/20/30 го поедноставува целиот процес. Според тоа правило, 50 отсто од месечниот буџет оди на потреби, 20 отсто на финансиски цели и 30 отсто на животен стил.


Како функционира?

Ако веќе немате месечен буџет, време е да оформите еден. со правилото 50/20/30, првите 50 отсто од вашите пари оди за потребите како кирија или отплата на станбен кредит, исплата на заеми и обуки. Некои луѓе во овој дел од буџетот вклучуваат и храна, облека и транспорт, додека други сметаат дека тоа спаѓа во делот за животен стил, но од вие самите одлучувате како ќе ги категоризирате трошоците.

Следните 20 отсто од буџетот треба да бидат за заштеди и долгови или финансиски цели, вклучително исплаќае на долгот од кредитната картичка, штедење за пензионерските денови, полнење на фонд за итни случаи или, пак, штедење за одмор.

Според правилото, последните 30 отсто од месечниот буџет се посветени на желбите, кои ги нарекуваме животен стил. Тоа се трошои кои може да варираат секој месец и над кои имате некоја контрола. Тука спаѓаат пазарењата, забавата, членарините за фитнес, за некое хоби и трошоците за домашните миленици, а секако тука ќе треба да ги вклучите и храната, облеката и трошоците за транспорт, ако не ги вклучивте во потребите.

Дали е за сите?

Правилото 50/20/30 најпрвин беше популаризирано од страна на сенаторката Елизабет Варен и нејзината ќерка Амелија Варен Тијаги во нивната книга „Се што ви е вредно“. Иако ниедна буџетска стратегија не одговара на сите буџети, експертите велат дека ова е добро основно правило за да се започне. Сенаторката и ќерка правилото го нарекуваат „балансирана парична формула“ и објаснуваат дека иако некогаш можеби ќе треба да се оддалечите од правилото, придржувањето до него би требало да ви ги одржи финансиите генерално здрави.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот