X
 18.02.2015 Наука

3 милиони работни места во секторот на обновливи извори на енергија до 2020


 
„Енергентската транзиција создава потреба од нови 3 милиони работни места во секторот на обновливи извори на енергија до 2020 година“- вели документот за зелена економија од Европската комисија.

Невладината организација Гоу Грин Скопје спроведува истражување насловено „Академски и можности за вработување во секторот на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност на Балканот“ си цел да ја евалуира информираноста на младите луѓе за климатските промени и енергетската транзиција како и нивните интереси за академско и кариерно развивање.

Целна група се млади на возраст од 16 до 24 години од Македонија, Косово, Србија, Хрватска и Словенија. Придонесете за создавање на подобри можности за студирање и вработување на младите луѓе со одговарање на анкетата на следниот линк.

Истражувањето е дел од публикацијата „Младинско вработување во секоторот на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност“ која ќе ги содржи резултатите од истражувањето како и листа на универзитети кои нудат студиски програми во ова поле. Публикацијата ќе биде достапна на веб-страната на Го Грин www.gogreen.mk.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука