X
 10.03.2015 Технологија

Работи кои треба да ги проверите пред да се ослободите од старите уреди

Можеби ги продавате, а можеби ги подарувате некому. Во секој случај, не се ослободувајте пребрзо од старите технолошки уреди. „Гизмодо“ има добар краток водич за ова. Еве што советуваат тие.


Каде ви се работите?

На телефонот, таблетот или компјутерот несомнено имате музика, фотографии, видеа и документи кои можеби се битни. Дали ова е зачувано некаде на безбедно? Дали можете да стигнете до сите тие документи? „Dropbox“ и „OneDrive“ може да ви ги чуваат документите бесплатно.


Дали сте исклучени од сите профили?

Заборавањето на овој детал може да предизвика неочекувани проблеми. „Apple“ советува исклучување од профилите за сите свои уреди пред да се избрише се' од уредот и да се предаде на друг сопственик.



Какви безбедносни апликации користите?

Смартфоните денес обично се користат за да се утврду идентитетот на корисникот кога се вклучува во одреден профил. Апликациите како „Google authenticator“ се основни за многумина од нас, а истите треба да се префрлат на новиот уред пред да се ослободите од стариот уред. Побарајте на интернет како да го сторите тоа на безбеден начин.



Дали сите ваши податоци се избришани?

За да бидете комплетно сигурни, можеби би сакале да ги заштитите податоците со шифри пред да го предадете уредот. Ова веќе е сторено за вас на сите iOS уреди, а за уредите на „Android“ опцијата се наоѓа под „Security“ во „Settings“. Потоа може да го ресетирате телефонот за да биде како нов.



Што му е потребно на новиот сопственик?

Кога го предавате уредот (телефон, таблет) не заборавајте и на останатите додатоци, како полначи, програми, водичи итн. Вие ги добивте истите кога го купивте уредот, не?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија