Се зголемува бројот на странски универзитети со кои Факултети.мк има потпишано договор за соработка. Последен во низата на странски универзитети е Универзитетот за информатика, технологија и менаџмент од Жешов, Полска. Овој универзитет важи за еден од најдобрите во Полска. Минатата година се најде на високото 4-то место во рангот на најбарани апсолвенти на пазарот а трудот.
Од основањето во 1996 година до денеска на Универзитетот дипломирале над 70 000 апсолвенти, а актуелно студираат тука околу 8000 студенти на редовни и вонредни студии од прв и втор циклус студии, од кои скоро 2000 студенти се од странство
УИТМ им нуди на државјани од Македонија бесплатни студии (стипендии кои покриаваат 50% или 100% од школираната)
"УИТМ е универзитет кој го негува мултикултурализмот, затоа од сопствени средтсва им овозможува на студентите од различни земји, меѓу кои и Република Македонија бесплатна едукација. На таа форма на студирање актуелно студираат над 1000 странски студенти кои добиваат 50% или 100% покривање од нивната школарина. Добивајќи ја дипломата од УИТМ студентите добиваат истовремено диплома која е акредитирана во сите 28 држави на Европска Унија и дополнително признана диплома во САД, Кина, Малезија, Сингапур и Иран. ", изјавија од УИТМ.
Прочитајте повеќе на официјалната веб страна на УИТМ