X
 18.04.2023 Живот

Уникатно село во Полска каде што сите жители живеат на една улица

Фотографија од село во Полска изминативе денови привлече големо внимание на социјалните мрежи, а станува збор за Сулошова каде што, судејќи по фотографиите, сите жители живеат на една улица.

Живописното место се наоѓа на 45 минути од Краков и благодарение на необичниот распоред на куќите на жителите, привлекува внимание на социјалните мрежи, а особено се популарни фотографиите направени од птичја перспектива.

Сулошова, всушност, ја има една од најдолгите улици во Полска, која е приближно 9 километри. Групи на куќи и згради се протегаат покрај патот.

- 6.000 луѓе живеат во ова село во Полска на една улица - е описот на фотографијата споделена на „Твитер“, која е прегледана речиси 7 милиони пати.

Живописната природа и карактеристичниот распоред на селските куќи не се единствените атракции во ова место. Тука е и Црвената патека на орловите гнезда и европската културна маршрута „Виа Региа“, еден од патиштата што води до светилиштето Сантијаго де Компостела.

Исто така, селото е поврзано со познати атракции, вклучувајќи го Националниот парк Ојцовски и Пиескова скала, замок од 14 век кој се наоѓа на врвот на карпите.


Извор: b92.net
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот