Студентите организирани во Младинскиот европски едукативен центар даваат поддршка на големиот собир на граѓани што ќе се одржи на 18 ти мај во Скопје.
-Младинскиот европски едукативен центар се приклучува кон граѓанскиот собир чија цел е изразување на поддршка за силна Македонија, изградба на држава со перспектива за младиот човек и држава во која се дава подденаква шанса за способните, напредните и оние кои сакаат да партиципираат во процесите, се вели во сопштението.
Студентите организирани во Младинскиот европски едукативен центар се спротивставуваат на агендите чија цел е разорување на граќанскиот концепт и политичко жртвување на младите инструментализирајќи ги за насилно рушење на демократските институции.
-Република Македонија е наша заедничка држава и како организација е сомултетнички карактер во целост ја поддржуваме овој граѓански собир кој има за цел да покаже дека сите заедно сме под знамето на нашата заедничка држава Република Македонија, велат студентите.