„Летната Школа по Ургентна Медицина не прави особено горди што сме дел од ЕМСА – Македонија. На школата, студентите можат да ги прошират нивните знаења – оние знаења кои можеби ги нема во учебниците, знаења кои ќе бидат презентирани од нашите професори, професори гости од Англија,како и нивните асистенти кои се експерти во своите области.
Оваа година, 6та по ред, Летната Школа по Ургентна Медицина на ЕМСА – Македонија, повторно ќе се одржи во Охрид – бисерот на Балканот. Ќе ни биде голема чест и задоволство доколку таму ни се придружат потенцијални и идни лекари од повеќе земји во светот. Исто како и изминатите години, Летната школа ќе биде посветена на ургентната медицина – специјалност каде брзо треба да се донесуваат важни и животоспасувачки одлуки базирани на нашето знаење, искуство и интуиција.
Ќе се фокусираме на практичното знаење, особено на најважните вештини кои би ни биле потребни во ургентниот центар: сутурирање, венепункција, радиографијата во ургентната медицина, ставање на стерилни ракавици, CPR, интерпретација на EKG, одредување на GCS, и многу други манипулации и техники кои се есенцијални во ургентни ситуации.
Летната Школа по Ургентна Медицина ќе започне на 4ти јули и ќе трае до 8ми јули 2015 година. Ќе се одржи во хотел Климетица, еден од најубавите хотели во Охрид. Тој се наоѓа на падините на Националниот парк Галичица, на 200 m од езерото и 4 km од центарот на Охрид.
За Вас имаме подготвено посебна Гала вечер во хотелот, а во останатите денови забавата продолжува во градот Охрид, a традиционално, ќе организираме и игри на плажа.
Летната школа е одлична можност за да ја изучуваме медицината, да бидеме дел од интересни активности, да создаваме пријателства и да уживаме во еден од најпрекрасните градови во Европа каде историјата и денешницата се судираат за да ни дадат едно незборавно искуство за време на нашите студии.
Се гледаме таму!