X
 07.12.2021 Живот

Театарската претстава „Сопружници“ в петок во Охрид

Театарската претстава „Сопружници“ од Вуди Ален, во режија на Драгана Таневска, в петок повторно на репертоарот на Центарот на култура „Григор Прличев“ - Охрид. Оваа театарска претстава е песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претставата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегуваат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа, пак, од друга страна, е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите.

Во „Сопружници“ улогите ги играат: Гејб - Ивица Цонев Џуди - Елизабета Стефановска, Џек - Никола Тодороски, Сали - Адријана Билаловиќ Тодороска, Мајкл - Филип Кипровски, сценограф – Борис Далчев, Ванчо Василев, костимограф - Ванчо Василев.

Од „Григор Прличев“ информираат дека поради здравствените протоколи, ограничен е бројот на публиката, а резервации се вршат на телефоните 046/261-063, 075/283-066.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот